Една од големите предности на живеењето во Европа е можноста да уживате во различните култури патувајќи кратки релации. Неодамна, пејзажниот фотограф Алберт Дрос имал шанса да се качи на воз и да доживее неколку различни европски градови во текот на 10 дена. Бидејќи 2021 година е официјално Европска година на железницата, Дрос бил поканет да се придружи на „Конектинг воз јуроп експрес“. Овој воз ја поминал цела Европа во текот на 36 дена, а Дрос бил на дел од патувањето, што го документирал преку неговата фотографија.