Oвогодинешниот натпревар „Travel Photographer of the Year“ организиран од „National Geographic“ официјално започна да прифаќа фотографии, а оние кандидати кои веќе ги дале своите апликации нудат неверојатни фотографии. Натпреварот нуди три категории во кои фотографите можат да ги достават своите дела: природа, градови и луѓе. Победникот ќе ја добие титулата „Travel Photographer of the Year“ и ќе добие седумдневно сафари во Черчил дивината, Канада со вклучена авионска карта. Во продолжение погледнете ги најдобрите фотографии досега, во категоријата градови.