Џулиус Кахконен е млад фотограф, визуелен уметник и претрпиемач од Финска. Неговиот уникатен стил во едитирање и фотографирање резултира со фотографии што многумина би ги опишале како сон. Кахконен почнал со едитирање во 2017 година и низ годините развил уникатен и привлечен стил. Додека патувал низ целиот свет, фотографирајќи стотици фотографии, фотографот создал импресивно портфолио што подоцна го претворил во кариера. - Создавам уметност и сакам да им помагам на другите - вели тој на неговиот инстаграм-профил. Фотографот сега ги учи другите луѓе како да постигнат вакви зачудувачки визуелни активности преку курсеви за различни аспекти на фотографијата и едитирањето.