ФБИ објави фотографии кои ги прикажуваат последиците од терористичкиот напад кој се случи во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Фотографиите ја прикажуваат катастрофата од нападите кога терористи од ал-Каеда со авиони се срушиле во Пентагон. Вкупно 2.996 луѓе загинале, а повеќе од 6.000 луѓе биле повредени. Првите два авиони удриле во Кулите близначки, 30-40 минути пред третиот авион да удри во Пентагон, додека четвртиот се срушил надвор од населено место. Фотографиите ги прикажуваат пожарникарите како се борат со огнот, рушената зграда Пентагон и делови од авионот.