Секоја година, на 15 август христијаните го посетуваат храмот на девицата Марија на островот Тинос. Луѓето ширум цела Грција, но и од странство штом стапнат на островот паѓаат на коленици и ползејќи се движат кон храмот да ја видат и допрат сликата на светата девица Марија која се смета за чудотворна.