Скопската публика синоќа имаше несекојдневна можност на едно место да види повеќе модели на патики Nike Air Max, некои од нив стари повеќе од две децении. Станува збор за збирката на диџејот Le Funk, вљубеник во патиките Air Max кој несебично ја позајми својата колекција да ја видат сите љубители на овој производ. Изложбата беше отворена во „Јавна соба“, како дел од промоцијата на новите модели на Nike Air Max, под досетливото мото Kiss My Airs.