Помина речиси два месци откако вселенското летало „New horizons“ прелета покрај џуџестата планета Плутон. Првите фотографии од леталото ни дадоа и прв близок поглед на оваа планета, а сега имаме повеќе фотографии кои ни ја покажуваат Плутон во ново светло. НАСА ги собира податоците од „New horizons“, но поради оддалеченоста тоа се одвива тешко и 95% од податоците се наоѓаат на леталото.