Новото седиште, наречено „Епл Парк“, е футуристички кампус што се протега на 70 хектари, со капацитетот за 12.000 луѓе. Се наоѓа во Купертино, во срцето на Силициумската долина и наликува на вселенски брод во природа. Комплетниот комплекс се снабдува со сончева енергија и има повеќе од 9.000 дрвја.