Студентите никогаш не биле пообединети! Илјадници денес се собраа на главниот универзитетски кампус за да ги поддржат студентите во автономните зони заедно со Дубиоза Колектив. Дечките од бендот дојдоа неочекувано само за да ја изразат својата поддршка за Студентскиот пленум. Освен Дубиоза Колектив, настап имаа и „Бернејс пропаганда“. Истовремено, студентите од останатите факултети се организираа за бојкотирање на наставата на своите институции. Така, Архитектонски факултет прогласи автономна зона денес. Студентите од Градежниот факултет во моментов одлучуваат дали да им се придружат на своите колеги. На Педагошкиот факултет нема настава од вчера. Автономните зони на техничките факултети и Филолошкиот/Филозофскиот факултет продолжуваат со алтернативните активности. Оние кои имаат желба да помогнат може да го сторат тоа со носење материјали на факултетите. Дознаваме дека на Филолошкиот факултет недостасува сол и шеќер.