Досега, повеќето од нас знаат дека постојат места што никогаш не можат да си ги дозволат да ги посетат, најчесто поради финансиски причини. Меѓутоа, овој остров во Исланд, наречен Суртсеј бил формиран во 1963 година по огромна вулканска ерупција која траела 3 години. Сега, островот се користи за научни истражувања и набљудувања. Фокусот на рабоа е подобро да се разбере како еден екосистем се формира од нула, без човечко влијание. Само на неколку научници им е дозволено да го посетат островот, што го прави едно од неколкуте забранети места на Земјата.