Во текот на вчерашниот ден, НАСА објави дека е откриена планета слична на Земјата. Овој момент е кулминација на илјадници години набљудување на небото и прашување за него. Вчера, НАСА ни ја претстави Кеплер 452б. Оваа карпеста планета кружи околу ѕвезда многу слична на нашата, има година од 385 дена и гравитација речиси двојно посилна од земјината. Таа се наоѓа во зоната за живот на својата ѕвезда 6 милијарди години, односно повеќе од Земјата.