Благодарение на годишниот натпревар „Фотограф на годината за поларната светлина“ организиран од „Кепчр ди атлас“, можеме да ги видиме овие спектакуларни и прекрасни погледи на поларната светлина. Од оддалечените агли на Арктикот до плажите на Нов Зеланд, фотографите патувале далеку низ светот за да ја „уловат“ поларната светлина. Резултатите се прекрасни фотографии со неверојатни зелени, розови и жолти светла на небото.