Мистериозен јапонски уметник кој настапува под псевдонимот „Авогадо6“, себеси се претставува како „обична личност која сака хемија“, но неговите илустрации откриваат многу повеќе. „Авогадо6“ е повреден човек, растрган, уморен, преплашен, несреќно вљубен, бескрајно осамен... Впрочем, како што се чувствуваме и сите ние понекогаш. Но тој успеал своите тешки емоции да ги преведе во преубави илустрации кои допираат до секого.