Фотографијата од монголски коњаници на Ентони Лау од Хонг Конг му ја донесе престижната титула „Фотограф на годината“ од списанието „National Geographic“.На традиционалниот натпревар на реномираниот магазин пристигнале 10.000 фотографии од целиот свет - финалистите на овогодинешниот натпревар ги покажаа најдалечните дестинации и дестинациите од целиот свет. Тие поминале месеци патувајќи по светот за да ги доловат екстремните разлики во културата и животната средина и да го обезбедат своето место во финалето.