Иранскиот фоторепортер Асхар Камеш е прогласен за „Фотограф на годината“ за неговите портрети од жртвите на напад од киселина. Овогодинешниот натпревар привлече рекордни 230.103 апликации, со 14 победници во професионални категории. Серијата на Камеш наречена „Fire of Hatred“ исто така ја освои и категоријата „Contemporary Issues“ додека Кеи Номијама од Јапонија ја освои наградата „Отворен фотограф на годината“ за нејзината неверојатна фотографија наречена „Enchanted Bamboo Forest“. Кевин Фрајер од Канада стана првиот фотограф кој победил во две професионални категории истата година за „Environment“ и „People“ додека 18 годишнио Сем Делавер од Мејн, Америка ја освои наградата за „Млад фотограф на годината“ за прекрасниот портер од неговата сестра.