Оваа година, Кралското метеоролошко друштво и веб-страницата „Акуведр“ добија над 7.700 фотографии за нивниот натпревар за најдобар фотограф на временски појави за 2020 година. Од реки и облаци, до грмотевици, сите фотографии го покажуваат влијанието што времето го остава врз нашата планета. Фотографот Рудолф Сулган ја освои главната награда за неговаата фотографија од луѓе кои го преминуваат мостото Бруклин среде снежна бура.