Победниците од овогодишниот натпревар „Најкомична фотографија од домашни миленичиња“ за 2022 година неодамна беа објавени, а во продолжение ви ги прикажуваме најсмешните. Победничката фотографија насловена „Бум, бум“ ја направи Кеничи Моријанга и прикажува две мачки со главите една во друга. - Горди сме да ги објавиме победниците на овогодишниот натпревар. Победничката фотографија е „Бум, бум“ од Кеничи Моријанга, изгласана од жири-комисијата за најдобра фотографија. Ова беше најтесната победа што некогаш сме ја имале - велат организаторите.