За летало лансирано во 1990 година, вселенскиот телескоп Хабл, може да се каже дека продолжува да обезбедува неверојатни први откритија. Овој пат, истражувачите истакнуваат дека ова летало ги насочи своите погледи во планети слични на Земјата надвор од нашиот Сончев систем со цел да ни овозможи увид во нивната атмосфера. Во мај, истражувачите го споделиле откривањето на три планети слични на Земјата кои орбитираат околу џуџеста ѕвезда под името „TRAPPIST-1“. Овие ѕвезди се на крајот на опсегот од она што се класифицира како ѕвезда, со половина од температурата и десеттина од масата на сонцето. Се покажало дека трите планети имаат погодна зона за живот од ѕвездата што значи дека водата во течна состојба може да се насобере на нивните површини.