Како конзерваторите денес ги заштитуваат вредните мозаици кои нашите претци ги создале во во времето на Римската империја? Искусните конзерватори веќе пет месеци работат на еден од најубавите мозаици во Македонија - Крстилницата во Епископската базилика во Стоби, кај Градско. Шестмина конзерватори-советници и помлади конзерватори, под раководство на Владимир Симеонов, овластен конзерватор за мозаик го заштитуваат мозаичниот под 5. век на кој е илустриран 41. Псалм на Давид.