Шпанскиот скулптор Хосе Мануел Кастро Лопез не се плаши да експериментира и да ги менува генералните идеи како што ќе посака. Неговите скулптури од кварц и гранит се цврсти, но навидум изгледаат меко и нежно. Мајсторот вели дека себеси се смета повеќе за друид отколку скулптор бидејќи се обидува да се поврзе со секој камен и да му внесе живот.