Една година откако беше преземен од ИСИС, сирискиот град Палмира неодамна беше освоен од сириските сили поддржани од страна на Русите. Овој град претходно бил дом на некои од најубавите историски локалитети во светот, меѓутоа голем дел од артефактите биле уништени од ИСИС. Сега, Јосиф Еид, фотограф за новинската агенција „AFP“ објави фотографии кои го покажуваат резултатот после уништувањето на артефактите. „Се разбира, храмот на Бел никогаш повеќе нема да биде ист“, вели директорот за антиквитети во Сирија, мамоун Абдулкарим. „Според нашите експерти ние ќе можеме да уништиме третина од уништеното или можеби повеќе со помош на УНЕСКО, па затоа ги поканува сите археолози и експерти да дојдат да работат со нас бидејќи сето ова е дел од културното наследство на човештвото“, продолжува тој.