Насекаде низ светот книжарниците се центар на културата - место кадешто може да се откриваат и истражуваат многу работи, додека во исто време можат да се запознаат истомисленици. Постојат толку многу прекрасни книжарници поради кои вреди да ја напуштите земјата и да ги посетите, читајќи книги и дополнувајќи ја вашата библиотека. Ливрариа Лело е одлично место за бегство од секојдневниот живот; место кадешто можете да се релаксирате и да прочитате нова книга. Книгите се прозорец кон светот, па затоа добро би било да ја посетите оваа книжара и да „летнете“ во еден друг свет, каде се` е возможно.