Кога и да посакате да бидете дел од светот на Толкин, без разлика дали повеќе го сакате „Хобитот“ или ја претпочитате „Господарот на прстените“, може да ја вклучите галеријата и да ѕирнете во селото инспирирано од овие приказни. Хобитон е туристичка атракција во близина на Матамата во Нов Зеланд. Селцето било изградено за снимањето на трилогијата „Хобитот“. Снимањето на филмовите заврши, а селцето сè уште стои.