Фотографиите не се од вкусови на прескап сладолед, ами неочекуваните бои кои доминираат во архитектурата на Пјонгјанг, нешто што Оливер Вејнрајт го открива за оваа земја. Вејнврајт, дизајнерски критичар за веб страната „The Guardian“ го посети главниот град на Северна Кореја во јули во 10 дневна турнеја на архитектурата на градот. Тој беше изненаден од релативно модерните згради украсени со светли нијасни. „Морам да кажам дека Пјонгјанг е еден од најшарените градови кои некогаш сум ги посетил. Очекувате сиви, распаднати бетони од дистопијата од 50-те, меѓутоа властите направиле вистински напор за да го разведрат местото“, вели Вејврајт.