Секому му е дозволена грешка од време на време. Грешките им се случуваат и на најдобрите од нас. Со тоа кажано, ако случајно некогаш имате публика од приближно 10 милиони луѓе, потребно е да обрнете малку повеќе внимание кон она што го велите или постирате. Доколку не верувате, прашајте ги „Nikon“. Се` започна кога „Nikon“ објавија дека одлучиле да го наградата „фотографот“ Чеј Ју Ви затоа што успеал да „фати авион во воздух“. Проблемот беше тоа што не постоеше авион во оригиналната фотографија. Фотографијата беше толку лошо направена што може да се види на било каков екран. Барем „Nikon“ како вистинска компанија би требало набрзина да направи еден фотошоп тест.