Големи се шансите дека ова го читате на телефон или таблет. Повеќето од нас не можат да си го замислат животот без некој од овие уреди. Со ова на ум Ерик Пикерсгил ја создал својата последна фотографска серија наречена „Removed“. На фотографиите јасно се воочува пораката која сака да ја испрати Ерик - нашата страшна зависност од технолошките уреди.