За жал, научниците се`уште немаат создадено временска машин. Сепак, доколку ве интересирало како Германија изгледала пред Првата светска војна, новата фото книга наречена „Germany around 1900“ ви дава одличен преглед. Книгата содржи 800 фотографии и разгледници во боја кои биле создадени во 1900-та година. Фотографиите овозможуваат мирен и носталгичен поглед во буржоаската Германија пред теророт на Првата светска војна, и крајот на 20-от век, која се чинеше полна со ветувања.