Изградбата на Титаник започнала на 31 март 1909 година кога дизајнерот Џејмс Ендрјус ја положил првата плоча во „Harland & Wolff Shipyards“ во Белфаст, Ирска. Сестринскиот брод на Титаник, Олимпик, веќе започнал да се гради три месеци порано и двата бродови биле изградени рамо до рамо. На нив работеле над 15.000 работници - 8 работници го изгубиле животот на ова опасно игралиште.