Фотографот Ли Шенсшенг преку неговите ретко видени фотографии дава уникатен поглед кон кинеската културна револуција - хаотичен период на прочистување и казна кој започнал на 16 мај 1966 година и траел во различни фази сe` до смртта на претседателот на Комунистичката партија Мао Цетунг 10 години подоцна. кина Ли работел за весникот „Heilongjiang Province“ во тоа време, такашто работата му дозволувала да направи фотографии од кампањата на Мао без страв од вознемирување. Тој подоцна ги скрил негативите во случај владините претставници некогаш да дојдат по него.