Замислете да морате да платите ролна тоалетна хартија во милиони, а нејзината вредност е помалку од половина евро. За да имате претстава што всушност се случува во Венецуела, венецуелскиот фотограф Карлос Гарсија Ролинс фотографираше основни производи како што се храна и хигиенски производи до купот кеш што треба да го платите. Ситуацијата е толку нестабилна, што вредноста на овие производи би можела да се смени додека завршите со разгледување на оваа галерија.