Се сруши патагонискиот глечер Перито Морено, кој за многу луѓе е еден од најубавите во светот и се смета за една од најголемите аргентински атракции кој привлекува илјадници туристи. Глечерот заедно со своето опкружување стана Перито Морено национален парк во 1973 година, а е опкружен со езера, водопади, како и делови од патагониските степи. Поради својот облик, природната убавина и чувството кое го дава за време на посетата на овој феномен, глечерот се смета за едно од најубавите места на планетата. Токму поради тоа претставува неизбежна глобална туристичка дестинација.