Оваа серија на фотографии од Мартин Бек го предизвикува стереотипот за суперхероите кои ни го претставуваат и стриповите, и филмовите. Неговата цел е да го исфрли замислувањето на хероите како нереалистични ликови од стриповите и да го воведи мислењето дека тие се едноставни луѓе како сите нас кои и покрај нивните лични борби, имаат потенцијал да станат херои преку помагање на другите. Хероите на Мартин се обични луѓе кои не се ограничени со раса, религија и верувања. Тие живеат меѓу нас, не` опкружуваат и тие се насекаде. Секој е суперхерој.