Кога фотографите Шаугн Крафорд и Џон ДуБиос дознале за две калуѓерки феминистки кои одгледувале марихуана, веднаш сакале да го овековечат моментот. Тие ги контактирале Сестра Кејт и Сестра Дарси кои ги поканиле во нивната Опатија во Калифорнија за да бидат сведоци на магијата. Кејт и Дарси се самопрогласени калуѓерки кои создаваат свој ред. Иако тие носат бели мантии и се сметаат себеси за високо духовни, тие не се католици, ниту пак им се подредени на некој свештеник. Тие се вегетаријанки, феминистки, поддржувачи на Берни Сандерс кои веруваат во даденото право од Бог за користење на марихуана.