„Не бидете негостопримливи со странците - тие можеби се маскирани ангели“ - пишува на ова место во Франција, како правило според кое секој човек треба да се раководи. „Shakespeare and Company“ е најпознатата книжарница во светот која го зазема главниот дел од најубавиот град во светот. Прибежиште за писателите и место кое мора да се види барем еднаш во животот, место во кое секој знае дека нема подобар пријател од книгата.