Можеби не ви се допаѓаат статиите во кои се пишува што треба да очекувате од одредена земја или одреден град. Секако, сите стереотипи не се вистински, но сепак постојат од одредена причина. Вистински или не, поголемиот дел од светот ги знаат стереотипите кои се познати за земјите или местата. „Google“ го докажува ова преку пребарувањето. Fixr.com создаде мапа на која секоја земја е означена со најчестата работа со која ја поврзуваат луѓето во пребарувањето. Резултатите се очекувани и изненадувачки, во зависност од земјата за која говориме. Така, најчестата работа со која се поврзува САД се патентите, а Канада пасошите. Бразил се поврзува со проституцијата, а Индија со кравата. Македонија, пак, се поврзува со лебот, верувале или не.