Жените во илустрациите на Сали Никсон не знаат дека може да ги видиме. Тие не позираат, не се смешкаат, не прават нешто интересно за да бидат забележани, а тоа е она што го прави светот на Никсон, односно нашиот свет реален. Жените живеат во свет каде постојано се оценувани за изгледот освен доколку не се сами. Да се види уметност во која жените не изгледаат „совршено“, немаат шминка, не се исправени и не стојат без здив за да изгледаат убаво е нешто сосема ново.