Не е тајна дека нашето општество има маани - зависност од технологијата, даноци, прекумерна тежина, девалвација на работниците... Некои луѓе не ни сакаат да размислуваат за овие проблеми, но илустраторот Џон Холокрафт ги гледа право во очи и ги прикажува на сатиричен начин. Со стил сличен на рекламите од 50-те Холокрафт совршено ги доловува социјалните и економските прашања и модерното однесување во неговите илустрации и сето тоа го прави на брутално искрен начин.