Високите сметки за електрична енергија се минато за жителите на таканаречениот комплекс „Power to the People“ во Шведска. Шведската компанија „Street Monkey Architects“ ги дизајнираше соларните домови користејќи техники на пасивни куќи и модуларни монтажи - чисти минималистички палети на дрво, метал и бело-обоени површини кои даваат допир на индустриска елеганција на овие домови. Седумте куќи од овој комплекс се поставени на крајот од две улици од исток кон запад. Архитектите ги поврзале двете улици со пат од чакал, чекор кој тие го опишуваат како „најважната одлука“ која ја донеле бидејќи ја зголемиле проодноста и видливоста на соседните улици и шумски патеки.