Доколку погледнете во колекцијата на автопортрети на Пабло Пикасо и ги споредите првиот со последниот, би помислиле дека се работи за различен уметник. Самиот тој еднаш рекол дека различните стилови кои ги користел во неговата уметност не треба да се гледаат како еволуција, туку како различни теми кои бараат различни методи на изразување.