„Механотехника“ од словенечката „Изола“ правела многу иновативни играчки. Компанијата била основана уште од 1952 година, а за голем број генерации била симбол на нивната младост. Играчките од „Изола“ со етикета „Made in Yugoslavia“ биле познати за децата од целиот свет, а се извезувале во Австралија, Бразил, Канада итн. Во фотогалеријата погледнете некои од играчките кои ги воодушевувале младите.