Без разлика дали се кроасани од Париз, вино од Тоскана, или акцент на британските мажи, може да се каже дека Европа знае како се живее. Не е изненадување што нивните домови се декорирани според најновиот дизајнерски тренд. Брилијантните умови на Данска, Норвешка, Шведска и Финска не` научија дека и со малку може да се постигне многу. Иако се чини доста непрактично на почеток (белите површини и неуредните бебиња не се мешаат), сепак сите можеме да научиме нешто од советите на Скандинавците за поедноставување на нашите домови.