„Photoshop“ стана симбол за стандардите за убавина во денешниот свет. Неодамна, новинарката Естер Хониг побарала од експертите во овој програм да изменат едноставна фотографија од неа според стандардите во нивното општество. Тие ја менувале истата фотографија според стандардите за убавина во нивната земја. Резултатите се мошне интересни. Од сите верзии јасно е дека ниту една култура нема исто разбирање за значењето на убавината.