Со генерации, луѓето се повлекувале во пештерите кога се соочувале со војни, прогони, сиромаштија или сурова клима. Тие живееле длабоко во земјата за да најдат некое бегство од неповолните услови надвор. Немилосрдните екстремни клими натерале некои заедници да ги претворат пештерите во домови, каде средината останувала умерена. Жителите на рударскиот град Кобер Педи во Австралија, се населиле под земја за да ја избегнат интензивната пустинска топлина.