Студентите од од втора, трета и четврта година од насоката Дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје претставија креативни, инспиративни и иновативни модни креации на на 17-та традиционална модна ревија. Под менторство на професорката Лидија Георгиева, нашата позната дизајнерка, студентите изработија 60-тина модели инспирирани од ритамот кој е насекаде околу нас, како што и беше насловена и самата модна ревија.