Денес, во точно 13:00 часот, Студентскиот пленум се собра пред платото на УКИМ и заедно со останатите присутни студенти тргна на својот марш за слободата. Маршот беше насочен кон Владата на РМ, каде во 14:00 започна масовниот протест против власта. Студентите го изразија своето незадоволство од постапките на власта со тоа што студентите кои беа притворени за време на протест сè уште не биле пуштени за да не присуствуваат на овој марш. - Бараме оставка на Владата. Бараме целосно чистење на институциите бидејќи не сметаме дека можеме да имаме слободен универзитет додека нема слободно општество, изјави член на Студентскиот пленум.Од овој протест студентите изјавија дека очекуваат подобра иднина, масовност и покажување дека Македонија навистина има граѓанска свест. На прашањето дали барањата на Студентскиот пленум се „премногу политички“, студентите изјавија: - Секој граѓанин во една држава е застапен во еден политички дискурс. Студентите како граѓани се во еден политички дискурс, такашто студентите имаат политички барања.