Додека вие седевте дома гледајќи телевизија или трошејќи време на „Фејсбук“, студентите се бореа за нивната и вашата иднина! Како тие да се единствените луѓе во земјава кои не се плашат да го бараат исполнувањето на сопствените права, се собраа и прогласија автономна зона на универзитетскиот кампус. Нивното главно седиште денес е Филолошкиот, односно Филозофскиот факултет. А, таму имаше се' и сешто. Храна, кафе, пијалоци - се' донесено од самите студенти и од граѓани кои ги поддржуваат. Се донесоа и ќебиња, душеци, вреќи, шатори за спиење. Се' е подготвено за студентите да ја поминат ноќта на факултетот. Останува да видиме што ќе се случи утре.