Двајца студенти на 18 и 24 годишна возраст беа убиени за време на протестите против образовната политика во Чиле. Двајцата студенти биле убиени откако 22 годишно момче започнал да пука бидејќи демонстраторите се обиделе да стават постери на ѕидовите на неговата куќа. Илјадници студенти и наставници се судрија со полицијата барајќи подобар квалитет и поевтино образование во длабокото нееднакво општество на Чиле.