И покрај тоа што е едно од најпосетените места во Америка, областа на Големиот Кањон во Аризона се`уште има тајни места. Едно од овие места е индиското село Супаи кое се наоѓа на дното на Хавасу Кањонот исто така познат како Катаракта Кањон, на страничниот дел на Големиот Кањон. Дом на племето Хавасупаи, кое живее најмалку 800 години, Супаи е можеби најизолираното село во Америка. Иако е на само 13 километри од најблискиот пат, во селото не може да се дојде со автомобил. Единствениот начин да се стигне до него е со хеликоптер или да се пешачи или јава муле по Хавасупаи патеката. Супаи е единственото место во Америка кадешто поштата се`уште се носи со муле.