Речиси 32.000 луѓе го дадоа својот глас за најдобрата фотографија од дивиот свет за 2021 година. „Ледено езеро“ од Кристијан Вендрамин од Италија го освои првото место на натпреварот за најдобар фотограф на дивиот свет. Фотографијата на италијанскиот фотограф беше избрана од вкупно 25 фотографи и над 50.000 пријавени фотографии на натпреварот. Фотографијата на Вендрамин има посебно значење. Направена е во северна Италија на езерото Санта Кроче. Тој ден Вендрамин забележал дека високиот водостој делумно ги потопил врбите. Ова создало итнересен одраз, кој само го засилило леденото време. Фотографијата е особено значајна за фотографот бидејќи природното езеро било омилено место на негов близок пријател кој починал. Всушност, кога Вендрамин ја направил фотографијата, мислел токму на својот драг пријател.