Бакнежот е универзален начин да се покаже љубов - без оглед каде одите, можете да најдете љубовни парови кои се бакнуваат. Аргентинскиот фотограф Игнасио Лехман го покажува ова во неговиот привлечен проект наречен „100 World Kisses“ кој ги овековечува културно разновидни улични бакнувања насекаде низ светот. Во изминативе три години тој интензивно патувал низ 12 земји и 20 градови со цел да создаде повеќе од 1.000 фотографии од луѓе насекаде - од метрополите до руралните предели.